AO3 News

Post Header

Published:
2021-08-22 13:57:03 UTC
Original:
Problems logging in to your account?
Tags:

За да ја подобриме безбедноста и одржливоста, го преуредивме кодот на Archive of Our Own - AO3 (Наша сопствена архива). Како што претходно најавивме ова преуредување ги одјави сите корисници. Ако го знаете Вашето корисничко име и лозинка, би требало да можете да се најавите како и вообичаено. Меѓутоа, еве неколку работи кои можете да ги проверите ако имате проблеми

Дали ја имате активирано Вашата сметка преку линкот што го добивте во пораката за потврда на регистрацијата?

Доколку пред кратко време сте се пријавиле на АО3 и имате проблем со најавувањето, проверете дали сте ја активирале Вашата сметка! Во рок од 24 часа по пријавувањето, би требало да добиете порака за потврда на регистрацијата од [email protected], која бара од Вас да ја активирате Вашата АО3 сметка преку дадениот линк. Пораката за активација вообичаено доаѓа веднаш по создавањето на Вашата сметка, но некои провајдери на е-пошта можат значително да го одложат пристигнувањето.

Откако ќе ја активирате сметката, би требало да добиете порака за потврда на активација од истата е-поштенска адреса: [email protected].
Некогаш, овие пораки можат да се регистрираат на спам филтерите или автоматското сортирање на е-пошта, па така проверете ги и нив! Доколку не можете да го најдете ниту Вашето барање за активација ниту пораката за потврда на активација, а поминале 24 откако сте се регистрирале, можете да ја контактирате нашата комисија за поддршка за да побарате Вашата сметка да ја активира администратор.

Ако се обидувате да се најавите со Вашето корисничко име, дали е точно?

За да проверите дали корисничкото име постои и Ви припаѓа Вам, одете на лентата за адреса на Вашиот веб-прелистувач и внесете https://archiveofourown.org/users/USERNAME и заменете го „USERNAME“ со Вашето корисничко име. Ако корисничката сметка постои, ова ќе Ве однесете на Dashboard (Контролна табла). Потоа ќе можете да проверите дали иконата, профилните информации или јавни дела и обележувачи на таа сметка се Вашите.

Имајте на ум дека корисничките имиња може да содржат мали и големи букви од латиничната азбука, бројки и долни црти (_).

Ако се обидувате да се најавите со Вашата е-поштенска адреса, дали е точна?

Ако имате повеќе од една е-поштенска адреса, може да помогне да отидете на New Password (Нова лозинка) страницата, да ја напишете Вашата адреса и да кликнете „Reset Password“ (Ресетирај лозинка). Ако адресата што сте ја внеле не е поврзана со сметка, ќе се појави порака за грешка и нема да се прати порака. Ако го направите ова со сите Ваши е-поштенски адреси можете да ја најдете онаа што сте ја искористиле за Вашата АО3 сметка.

Ќе можете да се најавите со вообичаената лозинка дури и ако се прати порака за ресетирање на лозинка (само игнорирајте ја пораката).

Дали е точна Вашата лозинка?

Ако сте потврдиле дека корисничкото име или е-поштенската адреса со кои се обидувате да се најавите се точни, проблемот може да е со лозинката. Пополнете го образецот на New Password страницата и ќе Ви испратиме линк кој ќе Ви дозволи да ја смените Вашата лозинка.

Ако не ја добиете пораката во рок од 24 часа, проверете ја спам папката или автоматското сортирање на инбоксот. Пораката ќе биде насловена "[AO3] Reset your password" ([АО3] Ресетирајте ја лозинката).

Промена (28 декември, 10:43 UTC): Поради начинот на кој лозинките се уредуваат ќе треба да ја ресетирате лозинката ако претходно го содржела карактерот < или >. (Може да продолжите да ги користите карактерите < and > во Вашите лозинки, само треба да се обноват во нашиот нов систем.)

Дали Вашиот веб-прелистувач или менаџер на лозинки автоматски го внесува Вашето корисничко име или лозинка?

Ако користите автоматско пополнување со прелистувачот или менаџер на лозинки за да се најавите на АО3, постои можност зачуваната комбинација на корисничко име и лозинка да биде погрешна. За да проверите, избришете ги претходно пополнетите информации за најава и рачно внесете ги Вашето корисничко име и лозинка. Не заборавајте да го ажурирате записот за автоматско пополнување/управување со лозинка со точната комбинација за да спречите повторно појавување на овој проблем.

Дали сте се обиделе да ги избришете колачињата на Вашиот прелистувач?

Понекогаш, проблемите со најавувањето може да се предизвикани од лошо-конфигурирани или корумпирани колачи. Проблемите со колачите може да доведат до порака за грешка која вели дека лозинката или корисничкото име кое сте го внеле не се поклопува со нашите записи, дури и кога се точни или до ситуација каде ќе добиете порака за успешно најавување, но всушност не сте најавени. За да бидете сигурни дека Вашите подесувања за колачи не Ве спречуваат да се најавите на АО3, проверете дали Вашиот веб-прелистувач е подесен да прифати колачи од нас и исчистете ги колачите пред повторно да се обидете да се пристапите на страницата. Упатствата за справување на колачите се разликуваат од прелистувач до прелистувач, но еве некои линкови со кои би можеле да започнете:

Дали се обидовте да ги исклучите додатоците на веб-прелистувачот?

Понекогаш додатоците на прелистувачите може да попречат во процесот на најавување. За да се осигурате дека подесувањата на Вашиот прелистувач не Ве спречуваат во најавувањето, исклучете каков било дополнител софтвер поврзан со Вашиот прелистувач преку линковите наведени подолу.

Дали се обидовте да се најавите користејќи друг прелистувач или уред?

Доколку можете успешно да се најавите на АО3 на алтернативни начини, проблемот со кој се среќавате е најверојатно проблем со Вашиот прелистувач или уред, наместо со Вашата сметка. Ако е ова случајот, Ве молиме пробајте ги мерките погоре за Вашиот претпочитан прелистувач и доколку уште не функционира, контактирајте ја нашата Комисија за поддршка за да нѐ известите за проблемите со што ќе можеме да истражиме понатаму. Ве молиме вклучете детали за прелистувачот/ите и уредот/ите што сте ги користеле, како и за самиот проблем.

Дали се обидовте со сите чекори погоре и сѐ уште не можете да се најавите?

Ако ги пробавте сите овие чеккори и сѐ уште имате проблеми со најавувањето, ве молиме искористете го овој образец за контакт за директно да ја контактирате нашата Комисија за поддршка.
Не споделувајте какви било информации за корисничката сметка во коментарите на оваа објава бидејќи сите коментари се јавни и секој кој пристапува на оваа страница може да ги види. Коментарите кои содржат информации за кориснички сметки ќе се отстранат без одговор.

Како и секогаш, имајте на ум да вклучите што е можно повеќе детали за специфчноста на Вашиот проблем, како добиени пораки за грешка и Вашата конфигурација на прелистувач/уред, за да можеме да го решиме проблемот најефективно. Исто така вклучете ги секој од чекорите погоре кој сте го пробале за да можеме да ги исклучиме тие можности!